Терористички напад во Израел, голем број повредени: Напаѓач со автомобил влетал во толпа луѓе, откриен идентитетот на терористот?! (ВИДЕО)
Најмалку едно лице е во критична состојба, додека четири или пет лица се во умерена до тешка состојба. Сите се пренесени во локалната болница.
Полицијата соопшти дека го фатила осомничениот во неговиот автомобил веднаш по инцидентот. Портпаролот на полицијата вели дека тој бил „неутрализиран”.
Началникот на полицијата Даниел Леви беше на местото на нападот, изјави полицискиот портпарол.
Портпаролот на полицијата за вестите на Канал 12 изјави: „Терористот е во рацете на полицијата. Тој е неутрализиран.”
„Автомобилот забрза и удри во група луѓе на раскрсницата Каркур. Удри во автобуската станица“, рече тој.
„Оттаму се обиде да продолжи со автомобил. Со голема брзина се упатил кон полициско возило во близина и удрил во него. Полицијата го бркала, го фатила и го неутрализирала“.
Се верува дека напаѓачот бил Палестинец од северниот дел на Западниот Брег, кој бил оженет со Арапска Израелка и живеел во Израел извесно време.