Терористички напад во џамија: Напаѓачите отворија оган врз верниците и обезбедувањето (ВИДЕО)

Најмалку четири лица загинаа во напад на џамија во јужниот ирански град Шираз.

Нападот, кој се случи доцна во неделата, беше насочена кон џамијата Шах Чераг во центарот на Шираз.

Според првичните информации, напаѓачите отвориле оган врз верниците откако се соочиле со обезбедувањето на капијата на џамијата. Едниот бил фатен, а другиот избегал и полицијата трага по него.

Засега нема официјално соопштение за инцидентот.

Шах Чераг беше цел на голем терористички напад во октомври минатата година кога беа убиени 15 лица.