„Тесла“ ги намали цените на возилата во САД третпат оваа година

Според ценовниците на веб-страницата на компанијата, направен е попуст од 5.000 евра за модел С и модел X.

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ ги намали цените третпат оваа година за да ја зголеми побарувачката за своите два најскапи модела на електрични возила во Соединетите Американски Држави (САД).

Според ценовниците на веб-страницата на компанијата, направен е попуст од 5.000 евра за модел S и модел X.

Основната верзија на модел S чини 84.990 долари (77.862 евра), додека цената на модел X е намалена на 94.990 долари (87.024 евра).

Намалени се и цените на спортските верзии модел 3 и модел Y за 1.000 и 2.000 долари. Цената на модел 3 сега е 41.990 долари (38.468 евра), а на модел Y е 49.990 долари (45.797 евра).

„Тесла“ ги намали и цените на своите возила во САД и во Европа во јануари и март со цел да ја зголеми продажбата.