ТЕСТ КОЈ ОТКРИВА ДАЛИ ПИЕТЕ ДОВОЛНО ВОДА – Потребни се само неколку минути и веднаш ќе знаете дали сте доволно хидрирани
Дали некогаш сте се провериле за да видите колку сте хидрирани, односно дали пиете доволно вода ?
Водата сочинува околу две третини од нашата телесна тежина, транспортира хранливи материи, ја регулира температурата и учествува во повеќето хемиски реакции во телото. Сите знаеме колку е важно да останеме хидрирани, а експертите советуваат дека шест чаши вода се минималната количина што треба да ја пиеме дневно.
Националната медицинска библиотека на САД спроведе тест за да ви помогне сами да видите дали сте доволно хидрирани. Сè што треба да направите е да ја повлечете кожата на задниот дел од раката со помош на палецот и показалецот – држете неколку секунди и пуштете.
Ако кожата веднаш по пуштањето се врати назад, тоа е знак дека сте доволно хидрирани. Во спротивно, кожата покажува дека треба да го зголемите внесот на вода. Според американските експерти, еластичната напнатост на ткивото ја открива еластичноста на кожата, како и нејзината способност да ја менува формата и да се врати во нормална состојба.
На кожата со нормална напнатост може веднаш да ја промени формата, додека на кожата со слаба напнатост и треба време да се врати во нормална состојба. Освен овој тест, уште еден показател за хидратација може да биде бојата на вашата урина. Доколку е бистара и без мирис, внесот на вода е задоволителен. Ако е темно жолта или има силен мирис, треба да го зголемите внесот што е можно поскоро.