Тест од 30 секунди открива тумор на мозокот! Ако не можете да го направите ова, веднаш посетете лекар (ВИДЕО)
Едноставен тест кој трае само 30 секунди може да помогне во откривање на сериозни проблеми со нервниот систем.
Во видео на „ТикТок“ кое досега е прегледано речиси 200.000 пати, се објаснува тест кој може да открие состојба позната како дисдијадохокинезија, што е тешкотија во правењето брзи, наизменични движења.
Тестот се изведува со отворање на едната дланка, додека другата дланка брзо се ротира нагоре-надолу врз неа. Потоа рацете се менуваат и движењето се повторува. Нормалната координација на движењата укажува на здрава функција на малиот мозок, делот од мозокот одговорен за координацијата. Неможноста за правилно изведување на ова движење може да укаже на дисдијадохокинезија, што е потенцијален знак за оштетување на малиот мозок.
@medifectious #medicine #canyoudothis #challenge #dare #medicine #dysdiokenesis ♬ original sound – Medifectious
Таквата штета може да биде предизвикана од различни сериозни состојби, вклучувајќи:
- Тумори кои вршат притисок врз мозочното ткиво
- Лезии во мозокот
- Невролошки заболувања како што е мултиплекс склероза
– Секој човек треба да може да го направи овој едноставен тест. Ако не можете, задолжително посетете лекар – предупредува корисникот на Тикток. Тој исто така додава дека нарушувањето може да влијае само на едната рака, во зависност од локацијата на оштетувањето во мозокот.
Лични приказни на корисниците се појавија и на социјалните мрежи. Една корисничка сподели видео од својот партнер како не успева да го изведе потегот. Подоцна беше откриено дека претходно му бил дијагностициран бениген тумор на мозокот, лоциран во чувствителна област и кој расте бавно. Според него, тие чекале на операцијата со години.
Предупредувачки симптоми за тумор на мозок:
- Чести или промени во нивото на главоболки
- Гадење, повраќање и поспаност
- Проблеми со видот
- Слабост на едната страна од телото
- Тешкотии во говорот
- Промени во однесувањето и расположението
Иако туморите на мозокот се ретки причини за овие симптоми, важно е да се реагира на време. Дури и бенигните тумори можат да претставуваат сериозен ризик ако се наоѓаат во близина на виталните функции на мозокот. Лекарите советуваат секое сомневање за невролошки промени да се провери што е можно поскоро, бидејќи раната дијагноза може да биде клучна за успешен третман.