Тетовската болница прифаќа донација од 600 илјади денари од компанијата „Лиал“

Директорот на тетовската болница Илир Демири соопштува дека вчера болницата добила донација од 600 илјади денари од фирмата „Лиал“. Демири вели дека ќе продолжат да работат на подобрување на условите во болницата.

„Денешниот ден беше одбележан и со уште еден придонес во службата за хигиена, одржување и санитација на просторите на Клиничката болница во Тетово. Со прифаќањето на донацијата во износ од 600.000 денари од компанијата ЛИАЛ, која работи со професионална опрема за чистење, успешно напредуваме во нашата мисија за враќање на достоинствени услови и простори во Клиничката болница во Тетово“.

„Им благодариме на Алберт Зибери и Нехат Зибери за дарежливоста покажана преку оваа донација и љубезноста да се приклучат на нашата цел, која не е ништо друго освен квалитет во здравствената услуга на институцијата што ја водиме и посветеност и напорна работа за доброто на пациентите. напиша Демири на Фејсбук.