Поради технички проблеми на веб-страницата www.dijaspora.sec.mk, пријавувањето на избирачите во дијаспората продолжува до 19.03.2024 година до 09:00 часот, соопшти денеска Државната изборна комисија.
Од таму велат дека техничкиот проблем настанал во текот на ноќта на 17 март 2024 година од 24 часот и дека повторно бил во функција утрово во 9 часот.
Од таа причина, посочуваат од Државната изборна комисија, пријавувањето на избирачите во дијаспората продолжува за време на траењето на прекинот, односно до 19.03.2024 година до 9:00 часот.