Тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мопед во Ѓорче Петров

На 23.06.2023 во 15.05 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Црвена вода“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота хилукс“, управувано од П.М.(66) од Скопје и мопед „џонвеј“, управуван од И.А.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.