ТЕШКА СОСТОЈБА – Мајк Тајсон откри непознати детали за здравствената состојба на Џејми Фокс: “Имаше мозочен удар, не се чувствува…“

Боксерската легенда Мајк Тајсон (56 г.) откри шокантна вест за актерот Џејми Фокс (55 г.).

Тој не се чувствува добро. Велат дека имал мозочен удар. Немам поим што му се случи“, рекол боксерот, објави магазинот The Sun.

Се вели дека Џејми Фокс ги поминал последните неколку недели во болница и сега се верува дека се опоравува дома. Здравствените проблеми на актерот и се познати на јавноста од средината на април, кога неговата ќерка Корин Фокс (29 г.) ја сподели веста со следбениците на социјалните мрежи.

Сакаме да споделиме дека мојот татко Џејми Фокс вчера имаше медицински компликации. За среќа, поради брзата реакција и одличната нега тој веќе е на пат кон закрепнување. Знаеме колку го сакате и ги цениме вашите молитви. Семејството бара приватност во овој период. Многу љубов, семејството Фокс“, напиша тогаш неговата ќерка.

Здравствените проблеми на Џејми Фокс предизвикаа проблеми на снимањето на филмот на платформата Нетфликс Back in Action“, што би требало да биде големо враќање на актерката Камерон Дијаз (50 г.) на филмското платно по девет години отсуство од актерството.

Ова е катастрофа, Камерон мора да мисли сега – ‘што ми требаше ова за да се вратам назад на филмот’. Вистина е дека проблемите на Џејми изгледаат прилично сериозни во моментот и тие претходни одложувања на снимањето може да изгледаат минијатурни во споредба со она што може да се случи“, изјавил добро упатен извор за магазинот.

Секако, ова е многу тажно и сите му посакуваат се најдобро“, додал изворот и ја пренел атмосферата меѓу екипата од сетот.

Сепак, здравјето на Џејми Фокс не е единствената пречка што застана на патот на големото враќање на ѕвездата Камерон Дијаз. Имено, хаосот на снимањето настанал кога била пронајдена неактивирана бомба од Втората светска војна.

За потсетување, Џејми Фокс е наградуван актер и музичар. Доби Оскар за улогата на Реј Чарлс во 2004 година за филмот „Rey“. Тој, исто така, ја освои наградата Греми за најдобра R&B изведба за песната „Blame It“. Сите надежи на обожавателите и колегите се насочени кон брзо закрепнување на актерот за да може повторно да создава филмски успеси.