ТЕШКИ ЗБОРОВИ – Доналд Трамп го нарече обвинението како “навреда за нацијата“, ги нападна судијата, обвинителот и нивните семејства и порача: “Тој е судијата што ме мрази, криминалец..“ (фото/видео)
„Не мислев дека тоа е можно во САД“, изјави Доналд Трамп во вторникот вечерта во врска со обвинението што му беше прочитано неколку часа претходно од судот во Њујорк.
„Единствениот прекршок што го направив е бестрашно да ја бранам нашата земја од оние кои сакаат да ја уништат“, порача поранешниот претседател на САД, нарекувајќи го обвинението како „навреда за нацијата“, обраќајќи им се на поддржувачите од неговата резиденција во Мар-а-Лаго. Флорида.
Доналд Трамп го нарече официјалното кривично обвинение „навреда за нацијата“ откако се врати назад во својата резиденција во вторникот.
Поранешниот претседател на САД ѝ се обрати на јавноста од истата сала во одморалиштето Мар-а-Лаго каде што ја објави својата втора кандидатура за Белата куќа на 15. ноември.
Во својот говор, Доналд Трамп ги нападна и судијата и обвинителот од Њујорк. Тој исто така во своето излагање го нападна семејството на судијата Хуан Мерчан и го нарече обвинителот Алан Брег – „криминалец“.
Во напад на бес за време на неговиот 25-минутен говор пред толпата во Мар-а-Лаго, Доналд Трамп попушти пред својата фрустрација и остро ги осуди сите противници, и покрај предупредувањето од судијата Хуан Мерчан внимателно да ги користи неговите зборови за да избегне затворска казна.
Доналд Трамп за Хуан Мерчан кажа дека – „тој е судија што ме мрази, го мрази Трамп додека ќерка му работи за Камала Харис“.
Доналд Трамп, исто така, кажа дека Алан Брег е „вистинскиот криминалец“ во случајот, обвинувајќи го за откривање наводно лажни информации.
„Обвинтелот е исто така криминалец, затоа што незаконски откри огромни количини информации, за што треба да биде кривично гонет, или во најмала рака да поднесе оставка“, вели Доналд Трамп и продолжи со нападите врз сопругата и ќерката на судијата Хуан Мерчан.
Тој му се заблагодари на сопственото семејство за поддршката. Повеќето од неговите деца беа присутни во вторникот вечерта, но Иванка и Барон не беа, а не беше ниту неговата сопруга Меланија.
Инаку, Лорен Мерчан, 34-годишна ќерка на судија, е партнер и претседател на дигиталната компанија Authentic Campaigns и има работено на неколку високи демократски кампањи, вклучително и за претседателот Џо Бајден во изборната кампања.
Неколку часа претходно, Доналд Трамп (76 г.) пред судот на Менхетен се изјасни за невин за фалсификување сметководствени документи, на сослушување кое ги разбранува страстите во САД.
Откако излезе од судницата како слободен човек, без судски надзор, Доналд Трамп ќе се обиде се да не го спречи судењето во јануари 2024 година, само неколку месеци пред претседателските избори на кои се кандидираше.
Поранешниот претседател е обвинет дека ја платил порно-ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за да молчи за нивната врска пред претседателските избори. Даниелс кажа дека и платил и добила 130.000 долари за тоа.
Доналд Трамп ги отфрла обвинувањата и тврди дека тие се политички мотивирани.
За потсетување, покрај овој случај, Доналд Трамп, беше двапати отповикан од Конгресот, а исто така е под посериозни истраги за неговата улога во нападот на Капитол.