ПРИСТИГНУВА МОЌНО ОРУЖЈЕ – САД најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,6 милијарди долари: Еве што им испраќаат

Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,6 милијарди долари, кој главно вклучува муниција за артилериско оружје и други системи за оружје, како што се ракетните фрлачи HIMARS.

Оружје и муниција во вредност од 500 милиони долари ќе пристигне од залихите на американската војска“, објави во вторникот Пентагон.

Дополнително, Украина ќе добие муниција и оружје во вредност од 2,1 милијарди долари, кои ќе бидат набавени од воената индустрија.

Овој пакет ќе вклучува радарски системи за против-воздушна одбрана, комуникациска опрема, ракетни фрлачи и теренски возила од различни типови.

САД се сметаат за најважен сојузник на Украина во одбраната од руската инвазија.

Новиот пакет е 35-та испорака на оружје од американските резерви односно Пентагон во Украина од август 2021 година.