„Спремил гробно место за себе и за ќерка си па се слупал в бандера!” Страшни детали за обидот за убиство и самоубиство во Грочка! (ФОТО)

Таткото (55) загина во понеделникот кога намерно со својот автомобил „Фиат пунто“ удрил во бетонски столб во општина Гроцка, додека неговата ќерка (18) била на совозачкото седиште и била тешко повредена.

Тој бил толку сериозен во намерата да погинат и двајцата што претходно обезбедил две гробни места!

Дедото на девојчето изјави дека таткото постојано се заканувал дека ќе се убие себеси и детето и дека е многу сериозен во намерата!

– Мојот син обезбеди две гробни места за да бидат закопани кога тој ќе се убие себи си и своето дете – вели дедото на девојчето.

Тој сакал да се убие себеси и ќерката, но и неподвижната мајка, која претходно ја претепал.

– Не знаеме кој сега ќе се грижи за таа жена, па ја однесоа од Центар на сигурно – вели тој и додава:

– ,,Сите околу него трпеа насилство, особено мојата ќерка и внука. Тие беа во брак речиси 30 години, а таа не смееше никаде да оди без него, да разговара и да гледа никого освен него. Нашата ќерка поминуваше покрај куќата но не смееше да влези внатре бидејќи имаше многу страв од својот сопруг” – вели нејзиниот татко.

И’ кажал дека ќе ја убие

Мајката на повреденото девојче неодамна донела одлука дека повеќе нема да трпи насилство од сопругот и си заминала, а девојчето останало да живее кај татко и’.

-Кога детето наполни 18 години, мајката си замина, не можеше повеќе да издржи. Потоа тој и’ рекол дека ќе се убие и себе си и детето. Мојата ќеркатаќќ мислела дека тоа го кажува само за да и’ влее страв и затоа не го сфатила сериозно – вели дедото и додава:

– Нина дошла со другарката и влегле во колата, а тој и’ рекол на другарката од Нина да излезе. Сепак таа сакала да оди со нив и не излегла од колата, а тој, и’ извадил нож и и’ рекол да излезе!

Според соговорникот, следело самоубиството на таткото, а ќерката за среќа преживеала, но со тешки повреди.

Исто така, на снимката од страшниот удар на во бандера, која се појави на социјалните мрежи, се гледа дека нема траги од кочење.

– Се гледа дека излетал, не се обидел да запре, а таа брзина во тој дел од населбата е страшно опасна. Тој погинал на лице место, а неговата ќерка со тешки повреди е пренесена во болница и лекарите се борат за нејзиниот живот – велат соседите.