„ ТЕШКО БОЛНА! Сара Фергусон ги предупредува сите ЖЕНИ, ова е сигнал за итна реакција

Сара Фергусон се опоравува од операцијата опкружена со своето семејство.

Сара Фергусон , војвотката од Јорк, беше оперирана откако и беше дијагностициран рак на дојка . За жал, ова е најчесто дијагностициран малигнитет кај жените. Сепак, благодарение на нескротливиот дух и навремената дијагноза , можно е да се победи оваа злобна болест, како што потврдува принцезата Сара.

Сара Фергусон неодамна откри дека има рак на дојка, што го открила по рутински мамограф. 

Нејзиниот портпарол рече:

-И кажаа дека мора да оди на операција и сега успешно закрепнува. Лекарите и рекле дека прогнозата е добра. Таа ја доби најдобрата медицинска нега и сега се опоравува со своето семејство , рече тој.

Таа била лекувана во болницата „Крал Едвард VII“ во центарот на Лондон, болница која се грижи за здравјето на многу членови на кралското семејство.

Сара пред операцијата гостуваше во подкастот „Tea Talk“ каде што ја откри важноста од редовните прегледи и превенцијата. Исто така, таа признала дека  немала намера да оди на преглед , но сестра ѝ сепак ја принудила на тоа. Сега таа е многу благодарна за дијагнозата и фактот што има доволно време да дејствува пред ракот да стане уште поопасен. 

– Сакам секој што го слуша овој подкаст да оди и да се провери, рече таа и додаде:

– Оваа ситуација ја сфаќам како вистински подарок за себе и обврска да го променам животот, да се грижам за себе , рече војвотката и додаде дека „ќе престане да се обидува да ги поправа сите други“ и ќе почне „себеси сериозно да се сфаќа“.

Сара рече дека нема избор, мора да помине низ операцијата и дека мора да биде здрава и силна. Во соопштението за печатот, нејзиниот портпарол ја изрази „ огромната благодарност на војвотката до медицинскиот персонал кој ја поддржа во последните денови“.

Војвотката е вклучена и во подигање на свеста за неопходноста од грижа за здравјето на жените . Таа е покровител на Teenage Cancer Trust и зборуваше на настан за рак на дојка во 2019 година, а во 2021 година посети клиника во Полска за да се справи со прашањето за закрепнување на жените по мастектомија .

Да потсетиме дека Сара беше во брак со принцот Ендру , син на покојната кралица Елизабета Втора. Двојката се разведе во 1996 година, по 10 години брак, но останаа во многу добри и блиски односи. Иако законски разделени, тие продолжија да живеат заедно на имотот Виндзор. 

Сара и Ендру имаат две ќерки , принцезата Беатрис (34) и принцезата Евгенија (33) и три внуци.

Во својот подкаст, Сара често зборува за своето семејство и  за тоа како се борела со срамежливоста и неприфаќањето со текот на годините . Во една неодамнешна епизода, таа зборуваше за нејзиното пријателство со принцезата Дијана и се идентификуваше со неа, бидејќи и двајцата беа осамени и исфрлени. Таа рече дека Дијана и рекла дека знае како е да се биде оставена во аголот на собата и дека цел живот се борела со тоа чувство.

– Го знам и она чувство кога луѓето не сакаат да разговараат со тебе. И пред тоа те осудија и целосно те отфрлија.