Нов светски рекорд: Американецот 73 пати го фрла и го фаќа мечот со оган за 30 секунди

Еден човек од Ајдахо во обид за нов светски рекорд ја додаде 166-та титула на своето име фрлајќи и фаќајќи огнен меч 73 пати за само 30 секунди.

Дејвид Раш, кој собори повеќе од 250 светски рекорди и моментално поседува 166 титули, претходно го постави рекордот од 1 минута за фрлање и фаќање огнен меч, пренесува Телеграф.

Неодамна Американецот го собори сопствениот рекорд од 60 секунди, фрлајќи и фаќајќи го мечот 73 пати за само 30 секунди.

166-та титула го носи поблиску до надминување на Сивлио Саба кој моментално има 180 титули.