„Тешко е да кажеш збогум“ – Милица Јокиќ откри непознати детали од приватниот живот: Важно е да останетете нормални (фото)

Милица Јокиќ кажа дали во текот на животот била во ситуација да каже „збогум“ и колку и’ било тешко.

– Бев во таа ситуација. Јас сум многу емотивна личност и секогаш ми е тешко. Не сум одмаздољубива, ако некој е добар со мене и ми се извини, подготвен сум да простам. Но, секако дека ми е тешко кога треба да се збогувам. Мојата песна секако е за љубовта и текстот е таков што секој може да се пронајде себе си – призна таа.

Таа додава дека нејзиното момче и’ е голема поддршка и дека во нивната врска нема љубомора. Често се случува да и’ пријдат луѓе за да се фотографираат со неа, а Милица открива како реагира Лука кога ќе и’ пријде момче и ќе побара да се фотографира.

– Не ни пречи, сите сме луѓе, исти сме. Сега нема потреба ништо да ме мачи, овие луѓе ме градат мене како личност а и мојата кариера. Да не беа тие луѓе, воопшто немаше да има ниеден од нас пејачите. Секогаш се сликам со сите и убаво разговарам со луѓето, мислам дека најважно е да останам нормална и да комуницирам со сите – изјави пејачката.