Пиоли: Почетокот е добар, но тимот допрва треба да се воигрува

 – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го сподели своето мислење за изданието на неговите избраници во синоќешната победа над Торино (4:1) во 2. коло од италијанскиот фудбалски шампионат.

– Покажавме знаци на напредок во однос на првиот натпревар. Играчите допрва треба да воспостават меѓусебно разбирање, подобро да се воиграат, но почетокот веќе може да се нарече добар. Ова лето потпишавме играчи кои ги исполнуваат нашите барања, кои се способни да играат напаѓачки и активно. Тоа е нашиот стил на игра. Некогаш работите одат подобро, некогаш полошо, но никогаш не се откажуваме, изјави Пиоли по натпреварот.

Милан има максимални шест бода по два одиграни натпревара во Серија А. Торино освои само еден од можните шест бода.