“УСПЕХОТ НА УКРАИНА ЌЕ БИДЕ ВО ИСТОРИСКИТЕ КНИГИ!“ – Володимир Зеленски им се заблагодари на сите што се борат за татковината: “Секој ден да ја зајакнуваме нашата земја“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека модерниот свет е организиран на таков начин што пребрзо се навикнува на успехот и дека многу луѓе во светот очекувале Украина да не застане по почетокот на целосната руска агресија.

Володимир Зеленски во вечерашното видео обраќање порача дека сега колосалните работи што ги прават Украинците и сите украински војници се доживуваат како факт, пренесуваат украинските медиуми.

Успехот на Украина во битката на Црното Море е нешто што ќе остане запишано во историските книги, иако сега не се зборува често за тоа. Но, без разлика на сè, ние мораме да го дадеме нашиот дел за да ја одбраниме нашата земја, украинската независност, нашиот живот, нашата култура, украинската слобода“, нагласи Володимир Зеленски.

Тој изрази благодарност до сите во светот кои и помагаат на Украина да го победи агресорот. 

Слава на сите кои не се повлекуваат, кои веруваат во Украина исто како што веруваа на 24. февруари и кои се борат за Украина на ист начин, кои се грижат за Украина. Секој ден треба да додаваме сила на нашата земја, тоа е се што ни треба“, заклучи украинскиот претседател.

Володимир Зеленски денеска се сретна со бранителите на Украина по повод Меѓународниот ден на Црното Море и им додели државни награди.