ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ ВО ГРАДИНКА ВО СКОПЈЕ – Девојчето не престанувало да плаче кога родителите го зеле дома
Родител во СВР Скопје вчера пријавил дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, И.С. (28 г.) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза‘. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.