Излезе новиот албум на Тејлор Свифт. Новата верзија на албумот 1989, сега се нарекува 1989 (верзија на Тејлор). Песните се појавија на стриминг сервисите точно на полноќ по американско време, односно пред неколку часа по средноевропско време.
Тејлор повторно ги сними сите 16 песни од нејзиниот култен албум и додаде уште пет песни, па на тој начин создаде нова верзија на албумот кој ја донесе пејачката до врвот на светската слава.
Иако се излезени пред само неколку часа, некои песни веќе собраа повеќе од 200.000 прегледи. Оттаму се очекува дека пејачката денеска ќе ги собори рекордите на стриминг платформите. Најочекуваната песна од албумот е веројатно нејзиниот хит „Style“ во нова верзија.
Ова е најочекуваниот албум на годината
Обожавателите на Тејлор Свифт го очекуваа овој албум со месеци (ако не и години) додека ја следеа американската пејачка низ процесот на враќање на нејзините права врз нејзината музика, откако менаџерот Скутер Браун, без нејзина согласност ги продал за 405 милиони американски долари уште во 2020 година.
Музичките критичари на „The Rolling Stone“, „NME“ и „The Telegraph“ го оценија реиздадениот албум 100/100 – највисоката можна оценка што може да ја добие еден музичар.
1989 (верзија на Тејлор) вклучува пет нови песни кои мегаѕвездата ги напишала пред години, но никогаш не стигнала да ги објави. Песните ги вклучуваат „Slut!, Say Don’t Go, Now That We Don’t Talk, Suburban Legends и Is It Over Now?“.