Тејлор Свифт донира 100.000 долари за лекување на двегодишно девојче со рак: „Ти праќам голема прегратка“
Пејачката Тејлор Свифт донираше 100.000 долари за лекување на двегодишното девојче Лила, на кое му беше дијагностициран рак во четврти стадиум. Донацијата дојде откако видеото на кое Лила го гледа музичкото видео на Тејлор стана вирално на социјалните мрежи.Имено, Лила го гледала видеото на Тејлор и извикала: „Тоа е мојот пријател!“.
Донацијата беше уплатена на страницата GoFundMe отворена за Лила и нејзиното семејство. Заедно со уплатата, Свифт испрати трогателна порака: „Ја прегрнувам мојата пријателка, Лила! Со љубов, Тејлор.“
На Лила ѝ беше дијагностицирана агресивна форма на рак на мозокот на 18 месеци откако доживеала напад. Оттогаш таа е подложена на операција за отстранување на туморот, а нејзиниот третман вклучува хемотерапија, протонско зрачење и терапија со матични клетки.
Откако беше објавена донацијата на Свифт, обожавателите на пејачката масовно донираа во кампањата во износ од 13 долари – бројка што пејачката често ја користи како свој заштитен знак.
Инаку, 12-тиот студиски албум на Тејлор, „Животот на една шоугерл“, се продаде во четири милиони примероци во САД во првите седум дена од објавувањето, со што го сруши рекордот што го држеше Адел речиси десет години.