„Тие двајца нарциси навистина немаат срам“ – Принцот Хари и Меган Маркл на удар поради гласините за развод, еве што се крие зад сето тоа (фото)
Неодамна се шпекулираше дека Хари и Меган се разведуваат, а што навистина се крие зад тоа? Бракот на принцот Хари и Меган Маркл наводно не е толку силен како што се обидуваат да го прикажат во јавноста.
Според насловната страница на Vanity Fair минатата недела, во која се тврди дека војвотката од Сасекс размислува да напише „книга за развод“, нешто не е баш во ред во нивниот брак. Се шпекулира дека Меган можеби се обидува да „измери интерес“ за можноста да објави ваква книга, доколку парот одлучи да се разведе.
Во исто време, извор за „PageSix“ тврди дека разводот е малку веројатен поради богатството што парот го привлекува како заедница, а не како поединци, што предизвика бурни реакции во јавноста.
„Тие двајца нарциси навистина немаат срам“, гласи еден коментар.
Изворот продолжува да објаснува зошто мисли дека сето ова е само една голема фарса.
„Нивната вредност лежи во тоа да се биде пар“, изјави извор за Page Six, мислејќи на потенцијалното раскинување на Меган и Хари, пренесува Glossy.
Изворот отишол дури дотаму што рекол дека се „опседнати“ еден со друг и дека и двајцата имаат истакнато его.
„Меган и Хари знаат дека се врзани еден за друг, нивната вредност е што се пар. Дури и да сакале да се разделат, не би можеле. Искрено, тие се опседнати еден со друг. Тие се само двајца нарциси“. рече тој извор.
,,Пингвин Рендом Хаус”, издавачот на познатата книга на Хари од 2021 година, „Резерва“, тврди дека не знае дека Меган ја предложила идејата за книга за развод.
„Тие се повредни заедно. Не им се исплати да се разделат, сите нивни договори се заеднички”, изјавил за Page Six еден инсајдер од издавачката куќа.
Принцот Хари добива порамнување од повеќе милиони долари надвор од судот
Принцот Хари ќе добие речиси 12 милиони долари исплата од News Group Newspapers (NGN) на Руперт Мардок, откако беше постигнат изненадувачки договор бидејќи војводата од Сасекс ја тужеше NGN за незаконско собирање информации.
40-годишниот принц тврдеше дека и The Sun и сега веќе непостоечката News of the World го таргетирале меѓу 1996 и 2011 година.
Неговиот адвокат откри дека НГН користела повеќе од 100 приватни истражители за следење на луѓето повеќе од 16 години.