“ТИЕ СЕ ИМИТАЦИЈА НА ВАГНЕР!“ – Кои се главните актери на ‘крвавата недела’ во Косово и дали српските власти знаеја за нив !?

Безбедносните експерти од Косово сметаат дека групата вооружени лица, која нападна припадници на косовската полиција во селото Бањска во општина Звечан, не е спонтана структура, туку организирана и добро подготвена формација.

Авни Ислами, професор по безбедносни науки во Приштина, оценува дека формацијата ја имитира руската платеничка група Вагнер, додека Ментор Врајоли од Центарот за безбедносни студии на Косово вели дека не можеле да дејствуваат без знаење на српските власти, пишува еден од најчитаните хрватски весници, jutarnji.hr.

Професорот Авни Ислами вели дека вооружената група која ја нападна полицијата во Бањска била структурирана и добро подготвена формација.

Според професорот Авни Ислами, групата не функционирала како изолирана и самоорганизирана, туку како формација со униформи, со специфично оружје и тврди дека е поврзана со безбедносните институции на Србија.

слика

Таквите униформи потсетуваат на групата Вагнер односно на руските платеници. Се чини дека оваа структурирана група беше имитација на групата Вагнер“, вели Авни Ислами, мислејќи на руските платеници кои учествуваа во војната во Украина и другите конфликтни зони.

Пушки со долги цевки, навалица, сето тоа е оружје што се користи на линијата на фронтот во Украина од непосредна близина“, уверува Авни Ислами.

Ментор Врајоли вели дека според начинот на кој е извршен нападот во Бањска, не може да се каже дека оваа формација извршила спонтан чин.

Според него, групата дејствувала насочено со план да го дестабилизира северниот дел на Косово.

Такво нешто, вели тој, не можело да се случи без знаење на српските власти.

Ако зборуваме за начинот на кој тие се претставија, јасно е дека овие луѓе биле обучени, подготвени и дека добиле прилично скапи ресурси за да можат да дејствуваат. Мислам дека е невозможно српските власти да немаат информации. Сега се поставува прашањето дали српската држава била директно вклучена во таа структура или во неа биле вклучени радикални елементи ? Тоа е тешко да се потврди. Но бидејќи има уапсени, тогаш ќе се дознае кој ги натерал да се организираат“, убеден е Ментор Врајоли.

Да потсетиме, во српскиот напад врз косовската полиција што се случи синоќа во градот Бањска на северот на Косово, загина еден косовски полицаец, додека други двајца беа ранети.

Косовската полиција наведува дека нивни припадници биле нападнати откако забележале блокада на патот. Во размената на огнот загинаа тројца напаѓачи.