ТикТок има смртоносни предизвици: Во Албанија има две самоубиства! Дали албанската влада ќе ја банира оваа социјална мрежа!?
– Претседателот на друштвото на социјалните работници на Албанија, Миргит Вата, изјави дека поради апликација Тик-Ток во земјата се случиле две самоубиства.
-Тик ток е штетна апликација, особено за тинејџерите, зашто преку неа се промовира јазикот на насилство и омраза. Во земјава регистрирани се две самоубиства, токму поради оваа апликација, затоа таа под итно треба да се затвори. Како друштво пред една година побаравме од Агенцијата за аудиовизуелни медиуми (АМА) да се затвори истата, но до денес немаме одговор, изјави тој гостувајќи во емисија на Euronews Albania.
Според него Тик ток, е една од најсериозните грижи на општеството, затоа под итно треба да се преземе соодветна мерка.
-Јас лично, во текот на моето работно искуство, со случаите што ги сретнав во детското советувалиште, секогаш бев во ситуација на аларм, за актуелноста што се случуваше, за типологијата на случаите, за јазикот на насилство, омраза, за нивото на агресивност, за нивото на дискриминација, малтретирање, за сите видови на насилство, за тинејџери и возрасни. Сè се случува на Тик ток, затоа, под итно треба да се затвори, категоричен е тој.