Тинејџер од Флорида за чудо преживеа удар од гром додека ја средуваше градината на соседот

Американски тинејџер бил погоден од гром додека ја чувал градината, но за чудо ја избегнал смртта.

Даниел Шарки сечел гранки од дрвјата на својот сосед во Алтамонте Спрингс, Флорида, кога го удрил гром.

Од силниот удар тој паднал на земја и од големи болки правел неконтролирани движења – а на помош веднаш му пришле жителите кои биле сведоци на овој настан.

„Се разбудив и се видов на земја. Се обидов да врескам, но не можев“, изјави тој за ÚFTV.

Шарки бил пренесен во Регионалната болница во Орландо каде бил примен на одделението за интензивна нега, од каде се знае дека има повреди на градниот кош од струјата што му поминала низ телото.