Двајца тинејџери од Флорида, кои биле браќа, се уапсени откако еден од нив ја застрелал нивната сестра за време на расправија околу божиќните подароци.
Како што јавува Би-Би -Си, 23-годишната мајка на 10-месечното бебе била застрелана во градите од нејзиниот брат, пренесува Телеграф.
По оваа акција другиот постар брат го извадил револверот и пукал во него.
Полицијата објави дека пукањето се случило по тепачка околу божиќните подароци, точно кој ќе победи најмногу.
Шерифот Боб Гуалтие му рекол на новинарот дека постариот брат (15 години) по пукањето побегнал од местото и го сокрил револверот.
Помладиот брат (14 години) бил пренесен во болница каде по интервенција на лекарите неговата здравствена состојба се стабилизирала.[AI] Код за блок 2 InArticle мобилен таблет, телефон C=3 N=1[/AI]
Експерти од областа ќе го анализираат случајот, а се очекува да донесат одлука дали ќе му судат како полнолетен за убиството на неговата сестра.
Од друга страна, соопштено е дека и 23-годишната жена била пренесена во болница, но тамошните лекари само можеле да констатираат дека таа починала.