Тинејџер се закани со масакр во гимназија: Ветуваше и дека ќе земе политичари како заложници, а мета му беа голема бројка луѓе

Тинејџер (19) е уапсен во Унгарија откако се заканил дека ќе изврши масакр во средно училиште и ќе ги убие своите поранешни соученици.

Тинејџерот во четвртокот преку електронска пошта го известил Центарот за контратероризам за неговиот план да изврши масакр следната недела и изјавил дека има големо количество оружје.

Тој го испратил мејлот со намера да уценува, ветувајќи дека ќе се откаже од нападот доколку неговото поранешно училиште му плати 2,6 милиони евра, а државата 26 милиони евра.

Тој побара и разрешување на двајца политичари, пишувајќи дека доколку не ги исполнат неговите услови, ќе ги земе како заложници, а потоа ќе ги убие.

Тинејџерот е уапсен три и пол часа по испраќањето на мејлот, а Националната истражна агенција го сомничи дека се заканува со терористички акт.