Тито вриштеше од болка, Официрот направи голема грешка! Стара снимка одТито: Мораше сè да им објаснува на домаќините (видео)

За време на официјалната посета на Шведска во 1976 година, претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, доживеа необична несреќа

Имено, додека излегувал од автомобилот, неговиот аѓутант генерал Марко Рапо невнимателно ја затворил вратата од совозачката страна додека Тито сè уште излегувал од автомобилот.

И така се случи да си ги штипне прстите!

Тито извика болно, а аѓутантот веднаш ја отвори вратата и му ја ослободи раката.

Целиот настан беше снимен од камерите на шведските медиуми, кои беа собрани таму за да ја снимаат средбата меѓу југословенскиот маршал и шведскиот премиер Олоф Палме.

На видеото се гледа и како Тито подоцна им објаснува на домаќините како дошло до несреќата.