,,Тоа беше најдоброто додавање кое сум го видел” – Кошаркарот на Денвер остана вчудоневиден од луцидната асистенција на Јокиќ – сè уште не ми се верува!

Кошаркарот на Денвер, Пејтон Вотсон се воодушеви по спектакуларната асистенција на Никола Јокиќ на натпреварот против Мемфис.

Српскиот кошаркар уште еднаш ја покажа својата кошаркарска вештина и луцидност, а овојпат тоа беше кога ја зеде топката од страничната линија, кога со една рака му ја фрли за Ерон Гордон по речиси целиот терен.

„Тоа беше најдоброто додавање што некогаш сум го видел во живо, со свои очи. Мислам дека ништо не може да го надмине тоа. Повеќето луѓе не сфаќаат колку беше тешко“, рече Вотсон.

Тој меч го доби Денвер со резултат 108:104, а Јокиќ беше најдобар во 35 минути игра со 22 поени, 12 скока и седум асистенции.