“ТОА Е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ!“ – Карло Анчелоти во пресрет на пресметката со Манчестер Сити отворено зборуваше: “Се надевам на брзо решение…“

Карло Анчелоти (63 г.) се пожали за состојбата на теренот на „Сантијаго Бернабе“ по победата против Селта, со која Реал Мадрид заостана на осум бода зад Барселона на табелата.

Искусниот стратег истакна дека таквиот терен има влијание врз играта на неговиот тим и дека подлогата повторно ќе се смени пред полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, кој е закажан за 9. мај.

Тревникот има проблем. Одговорните за него работат на разрешување на ситуацијата и се надевам дека ќе најдат решение. Очигледно е дека овој терен влијае на нашата игра“, кажал Карло Анчелоти.

Тревникот е оштетен поради работите кои се изведуваат во исто време на „Сантијаго Бернабеу“, кои треба да бидат завршени на крајот на есента. Површината на култниот стадион само оваа сезона беше менувана четири пати, последен пат минатиот месец, бидејќи постојано беше оштетувана од прашината.

Теренот редовно се менува и мислам дека повторно ќе се менува пред нашиот натпревар со Манчестер Сити. Едноставно, поради работите кои во исто време се одвиваа на стадионот, тревникот брзо се влоши“, изјавил тренерот на „Кралскиот клуб“.