Тоа е Дончиќ: „Еден ден во вила во Беверли Хилс, друг во влечки пие кафе на бензинска пумпа“

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ отсекогаш важел за скромен човек, секогаш подготвен да им угоди на сите свои фанови, а тоа го потврди уште еднаш откако двајца фанови од Италија го сретнаа на бензинска пумпа во Словенија.

Дончиќ се подготвува за Евробаскетот со словенечката репрезентација, а повредата што ја заработи за време на подготовките не би требало да биде посериозна.

Освен подготовките, кои се навистина заморни, тој има време и да ужива со пријателите во татковината, а за време на „редовното“ кафе, фановите од Италија го сретнаа и беа воодушевени од неговата скромност.

Според нивните изјави, Дончиќ стоел на шанкот во влечки и пиел кафе на бензинската пумпа. Имал време за сè, па се фотографирал со обожавателите.

„Утрово, словенечка бензинска пумпа. Со другар ми влеговме да купиме пиво. На шанкот стои еден многу висок човек во влечки. Пие кафе. Со друг маж е. Погледнувам поблиску, тоа е Дончиќ. Речиси не го препознав со 16 килограми помалку, толку е убав. Го викам и тој се насмевнува, ми мавта да излезам“, вели Италијанецот Габриеле Габатели, кој го сретнал на бензинската пумпа и продолжува:

„Ме поздрави мене и моите пријатели на паркингот, се сликаше со сите. Вели дека повредата не му е сериозна и дека е возбуден за Евробаскетот. Нè поздравува со италијанскиот „Чао“ и си заминува. Животот е навистина чуден. Еден ден тренираш со Лејкерси во Лос Анџелес, а потоа одиш во твојата вила во Беверли Хилс, а следниот ден си во влечки на бензинска пумпа и разговараш со непознати Италијанци“, додаде тој.

За среќа на Словенците, повредата што ја заработи на пријателскиот натпревар не е сериозна и тој ќе биде подготвен за Евробаскетот.