„ТОА Е НАВИСТИНА ТЕШКО! Принцот Вилијам откри се за Кејт Мидлтон и кралот Чарлс

Принцот Вилијам изјави дека оваа година е веројатно „најтешката“ во неговиот живот, бидејќи на неговиот татко, кралот Чарлс, му бил дијагностициран рак, како и неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Во интервју за британските медиуми, на крајот од посетата на Јужна Африка, наследникот на британската круна призна дека годината му била „страшна“ и веројатно најтешка досега, пренесува Ројтерс.

– Се обидувате да задржите сè на своето место и да надминете сè, навистина е тешко – рече 
принцот Вилијам .

Кралот Чарлс, кому му беше дијагностициран рак во февруари , неодамна отпатува во Австралија и Самоа, додека Кејт, која беше подложена на превентивна хемотерапија, ја опиша претходната година како „исклучително тешка“ за семејството.

– Многу сум горд на мојата сопруга и татко ми за начинот на кој се справија со сето тоа, но од лична гледна точка, како семејство, тоа беше брутално –   рече Вилијам и додаде дека Кејт сега е „навистина добро“ .