“ТОА Е НАЈДОБРОТО ЧУСТВО НА СВЕТОТ!“ – Лука Дончиќ го “уништи“ Феникс Санс и упати брутална порака до навивачите кои го навредуваа

Божиќниот НБА маратон го одбележа маестралниот репрезентативец на Словенија – Лука Дончиќ.

Во последниот натпревар од празничниот НБА специјал, Далас Мавртикс го совлада Феникс Санс со резултат од 128:114, а натпреварот ја одбележа епската игра на нереалниот Словенец.

Лука Дончиќ го предводеше својот тим до победата со 50 поени (8/16 тројки, 12/12 слободни фрлања), 15 асистенции и шест скока. Тој забележа и четири украдени топки и три блокади во вкупно 44 минути игра.

На овој натпревар Лука Дончиќ успеа да ја мине магичната граница од 10.000 постигнати поени во најсилната лига на светот.

Во текот на целиот натпревар, навивачите на Феникс Санс го навредуваа одличниот Словенец, кој по натпреварот откри како се чувствува за тоа.

Забавно ми е да играм на вакви гостувања, кога публиката така се однесува. Тогаш освојувам најмногу поени и одеднаш владее тишина во салата. Па, тоа е најдоброто чувство на светот“, изјави Лука Дончиќ.