“УКРАИНА НЕ СЕ ПЛАШИ!“ – Володимир Зеленски со порака до Кремљ: “Подготвени сме и без Русија да продолжиме да извезуваме жито“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во понеделникот изјави дека Киев е подготвен да продолжи со извозот на жито преку Црното Море, и покрај најавата на Москва дека се повлекува од договорот за извоз.

Дури и без Русија, треба да се направи сè за да можеме да го користиме тој коридор за извоз од Црното Море. Не се плашиме“, кажал Володимир Зеленски, објави неговиот портпарол Серхиј Никифоров на социјалните мрежи.

Во своето секојдневно обраќање до јавноста, Володимир Зеленски додаде дека – „испратил официјално писмо до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОНАнтонио Гутереш, во кое предложил продолжување на извозот“.

Украина, ОН и Турција можат заеднички да обезбедат функционирање на коридорот за храна и инспекција на бродовите“, вели тој.

Според него, речиси 33 милиони тони украински прехранбени производи биле извезени во 45 земји како дел од договорот потпишан во јули 2022 година од Украина и Русија под покровителство на Турција и ОН.

Во понеделникот, Москва го прогласи „де факто“ крајот на тој договор важен за снабдувањето со храна во светот, неколку часа по ноќниот напад на украинската војска со поморски дронови на мостот на Крим, стратешка инфраструктура за Русија.

Русија ги критикува проблемите во извозот на нејзината храна и ѓубрива поради санкциите. Покрај тоа, тие ги обвинува богатите земји дека имаат корист од најголемиот дел од украинскиот извоз наменет за земјите во развој.

Володимир Зеленски, напротив, вели дека „60 отсто од количината“ се извезува во Африка и Азија.

Податоците на ОН покажуваат дека Кина, Шпанија и Турција имаат најголема корист од украинските испораки.