„Тоа е сериозен и долг процес!“ Вучиќ од Брисел: Патоказ сè уште нема, и мора да се работи на него

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва зборуваше по серијата средби со претставници на ЕУ и на Косово ( со премиерот Албин Курти ) во Брисел.

„Имавме тежок состанок, ќе имаме уште средби, на 18 март треба да се видиме на територијата на Македонија, а потоа господинот Борел ќе го посети регионот, рече претседателот Вучиќ.

Меѓу другото, тој посочи дека сè уште нема патоказ, и дека мора да се работи на него.

– Штом почнеме да работиме, тука застануваме. И цело време се зборува за имплементација. Некои мислеа дека за еден ден нешто ќе се потпише. Сериозен и долг процес е ова. Затоа ќе откажам дел од патувањето во странство, за да се подготвам за разговорот со Лајчак, за да не бидеме осудувани – рече претседателот на Србија.