“ТОА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ!“ – Дејвид Бекам го открива најтешкиот момент од неговата кариера: “Бев со Викторија, ме малтретираа, посакувам да го заборавам тоа…“

Почетокот на успешната кариера Дејвид Бекам го „украси“ со незаборавен момент. Многумина веднаш ќе се потсетат на фаулот над Диего СимеонеДејвид Бекам го удри актуелниот тренер на Атлетико Мадрид и заработи исклучување во осминафиналето на Светското првенство 1998 година.

Беше при резултат 2:2, а подоцна Аргентина ја совлада Англија со подобро изведување на пенали, а Дејвид Бекам во интервју за The Sun призна дека и 25 години по тој настан се уште се нервира. Тој вели дека овој потег го чинел многу навреди, а поради директното исклучување поминал низ непријатни моменти.

Посакувам да има апче за бришење спомени. Направив глупава грешка, тој прекршок ми го промени животот“, се присетил Дејвид Бекам, кој во 1998 година имаше 23 години.

Во една прилика бев во САД со сопругата Викторија, се подготвував за нашето прво дете и мислев дека се ќе биде во ред, дека луѓето веќе го заборавиле тоа. Но, каде и да одев, ме малтретираа. Не можев да спијам, бев уништен, едноставно не знаев што да правам“, изјавил Дејвид Бекам за The Sun.

Вели дека најмногу го погодило тоа што на мета на револтираните следбеници биле и неговите родители.

Привлеков многу внимание кон себе, моите родители платија за тоа, не можам да си го простам тоа. Тоа е најтешкиот дел од цела кариера“, открива Дејвид Бекам.

Тоа беше прво од трите светски првенства на кои настапуваше Дејвид Бекам. Во 2002 година, тој ја носеше капитенската лента во Јужна Кореја и Јапонија, каде Англија беше исфрлена во четврт-финалето од Бразил. Тој го запиша своето последно Светско првенство четири години подоцна и повторно беше елиминиран на пенали, овој пат од Португалија, исто така во четврт-финалето.