“ТОА ЌЕ БИДЕ КРАЈОТ НА КИМ ЏОНГ УН!“ – Вашингтон сериозно го предупреди Пјонгјанг: “Ќе се соочите со силен и брз одговор“
Соединетите Американски Држави (САД) ја предупредија Северна Кореја дека секој можен нуклеарен напад врз земјата или нејзините сојузници би бил неприфатлив и ќе резултира со крај на режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Американската страна повтори дека секој нуклеарен напад на Северна Кореја против Јужна Кореја ќе биде дочекан со брз, силен и решителен одговор“, се вели во денешното заедничко американско-јужнокорејско соопштение.
Втората консултативна група на САД и Јужна Кореја за зајакнување на контролата на нуклеарните активности се одржа во петокот во Вашингтон.
Јужна Кореја и САД се согласија да ги финализираат нацрт-насоките за заедничка нуклеарна стратегија до средината на следната година, соопшти претходно денес по разговорите во Вашингтон првиот заменик советник за национална безбедност на Јужна Кореја, Ким Тае-Хјо.