Тодоров за онкологија: Влезе тој што има пристап до магацинот и однел 5-6 кутии вредни илјадници евра

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, синоќа на ТВ21 во емисијата „21Анализа“ зборуваше за скандалот со Онкологија. Тој спореди како функционирала клиниката во негово време и сега.

„До 2014 година немаше евиденција за тарапија за тумори. Туморскиот одбор е комисија која расправа за третман на пациент од малигни заболувања. Покрај лекар и професор од матичната клиника, има и патолог и онколог. И го насочуваат пациентот на лекување и терапија. Потоа се подига нивото на квалитет на лекувањето. Во 2015 година воведовме клинички пат“.

„Го направивме комплетно, во хартиена форма, а потоа беше донесен. Като системот го формираше целиот тој круг. Првите две работи значат кој пациент каква терапија ќе прими, а системот нека ја подготви терапијата. Придобивките беа тоа што немаше трошење во подготовката на лековите за време на дозирањето. Можноста за прекин на терапијата беше минимизирана. И сега една сестра извадила пет кутии од магацинот и не може да се спречи, влегла во собата и земала 5-6 кутии од 3-4 илјади евра“, рече Тодоров.