ТОЛКАВА ЉУБОВ А СЕКАДЕ ОДИ САМА: Се шпекулира дека е на пат РАЗВОДОТ на Џенифер Лопез и Бен Афлек

Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна заслепуваше на Мет Гала во Њујорк во светкав фустан кој повеќе откриваше отколку што сокри. Таа ја воодушеви публиката, но и многумина ширум светот, со својата витка линија и младешки изглед.

Џенифер Лопез

Бујната позадина, по која е позната, беше и овојпат во фокусот, но многумина не можеа да не забележат дека Џеј Ло чекореше сама . Нејзиниот сопруг Бен Афлек не бил со неа . Можеби со причина, бидејќи постојано се зборува за тоа како тој не е среќен откако се оженил со неа.

Џенифер во последно време се појавува и на неколку награди без сопругот, а деновиве се занимава и со маркетинг за својата претстојна турнеја. Таа се појавуваше сама на секој настан.

Да потсетиме дека Бен и Џенифер беа свршени пред повеќе од 20 години , а потоа во ноември 2022 година потврдија дека повторно се вериле по две децении разделба. И двајцата имаа деца еден со друг и изградија семејства, но потоа сфатија дека треба да бидат заедно.

Џенифер Лопез

Инаку, Бен неодамна се дружеше со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, откако го прославија 12-тиот роденден на синот Семјуел. Фоторепортерите ги фатија како разговараат и се смеат пред училиштето на нивниот син во Лос Анџелес.