ТОЛКУ ПАТИ СЕ МАЖЕЛА ШТО МОРА ДА ГИ „ГУГЛА“ БИВШИТЕ СОПРУЗИ: КОНЕЧНО ОВОЈ МАЖ ЈА СКРОТИ, А СЕГА СЕ ФАТНИ ВО ЛЕТНИТЕ ЛУДОРИИ

Поранешната пејачка и членка на Atomic Kitten, Кери Катона , изгледа го поминува најубавиот период во животот. Таа беше видена како ужива на одмор со своето момче и личен тренер Рајан Махони во Шпанија, додека гордо истакна дека ослабела некој килограм вишок.

43-годишната Кери била видена како се забавува во базенот со нејзините ќерки и момчето, а парот бил толку снисходлив. Освен што се забавувале со скокање во базен, нуркање и други активности, Кери и Рајан ја користеле секоја прилика да разменуваат сочни бакнежи и прегратки.

Кери Катона, Рајан Махони

Да потсетиме дека во 2020 година, Кери се најде во центарот на вниманието откако почна да ги споделува своите ексклузивни фотографии на платформата за возрасни OnlyFans. Таа призна дека се одлучила на овој потег бидејќи повеќе не можела да си дозволи да ја плаќа киријата, а наводно заработила 1 милион фунти објавувајќи на OnlyFans.

Поради финансиски проблеми морала да го продаде и скапоцениот свадбен подарок на својот поранешен сопруг Брајан Мекфејден. „Не можев ни да ја платам киријата. Имав голем џубокс што го добив од Брајан и на него беше целата моја омилена музика. Сепак, не можев да си дозволам да ја платам киријата, иако џубоксот вреди околу 16.000 фунти, морав да продадам за 1.900 фунти“, призна таа претходно во едно интервју.

Кери често знаеше да ја шокира јавноста со своите фотографии и видеа од социјалните мрежи, а отсекогаш била многу отворена за строгите диети и естетски зафати на кои се подложувала. Се започнало откако таа се породила и почнала да се бори со менталното здравје и проблеми со алкохолот. На крајот, таа успешно се ослободи од вишокот килограми со помош на нејзиното момче и личен тренер Рајан.

Кери Катона зад себе има три пропаднати брака. Со својот прв сопруг, Брајан Мекфејден од групата Вестлајф, таа имаше две ќерки – Моли и Лили-Сју, со бракот со таксистот Марк Крофт, таа ја имаше ќерката Хајди и синот Максвел, а со третиот сопруг , рагбистот Џорџ Кеј, ја има ќерката Дилан-Џорџ. Тие раскинаа во 2015 година, а тој почина во 2019 година од предозирање.

Кери Катона

Во една прилика се пошегува дека толку пати била мажена што морала да ги „гугла“ поранешните сопрузи за да ги памети сите.

„Половина од времето морам да гуглам затоа што не можам да се сетам со кого бев во брак. Ги гледам моите деца и ги прашувам – чии сте вие? За децата е урнебесно, тие сакаат кога го правам тоа“, рече таа тогаш.

Се чини дека „четвртата среќа“ сè уште важи за Кери бидејќи таа е среќно свршена со Рајан од август 2020 година.