Толпа бесни луѓе сакаат да ја СПРЕЧАТ СВАДБАТА НА ВЕКОТ на Јадранот: Милјардерот и ЉУБОВНИЦАТА ОД ПЛАСТИКА вечерале „Кај Барб Лука“, не им е гајле за протестот и паролите „За вас овде нема место“

Венеција, една од најголемите туристички атракции во светот, практично ќе биде „блиндирана“ за време на церемонијата, која се најавува како „свадба на векот“. Свесни дека тоа може да го оштети и буџетот на средина од сезоната, лутите граѓани се собираат деновиве на добро познати локации и многу гласно се жалат. Во тој период, Џеф Безос и Лорен Санчез ги прават последните подготовки за свадбата, па дури и успеаја да скокнат до Хвар.

„Нема место за Безос“ и „Венеција не е на продажба!“ се само дел од слоганите што може да се прочитаат на транспарентите што „шетаат“ по улиците и плоштадите со демонстрантите. Граѓаните се сериозно лути поради она што ја очекува Венеција од 24 до 26 јуни, а нивната порака се сведува на едно нешто: Џеф Безос и Лорен Санчез не се добредојдени, барем не во оваа смисла.

Ова не е ничиј приватен забавен парк, туку жив град кој има свој секојдневен живот и свои жители, велат организаторите на протестот, свесни дека многу места ќе бидат затворени додека е во тек „свадбата на векот“, а Венеција ќе биде под опсада затоа што еден од најбогатите луѓе денес сигурно ќе вработи цела армија обезбедувачи.

„Нема место за Безос“
„Нема место за Безос“ 

„За оние од нас кои живееме тука, тоа практично значи суспензија на животот, како да не сме биле жртви на масовниот туризам со години. Венеција повторно е трансформирана во забавен парк за милијардери, додека ние, обичните граѓани, мора да ги трпиме последиците секој ден“, се наведува на социјалните мрежи.

„Тој не се претставува само себеси, туку и сè што е финансиска и технолошка олигархија: експлоатација, концентрација на моќ, контрола на територии и животи. Сопственикот на „Амазон“ и приватна вселенска компанија е симбол на еден процент од ултрабогатите наспроти 99 проценти од останатите жители на планетата.“

Останува уште малку време, ќе видиме дали Венецијанците ќе го добијат она што го сакаат и ќе го избркаат Безос, кој веќе резервирал пет од најскапите хотели за 200 ВИП гости, како и речиси сите такси во лагуната. Екстравагантната свадба ќе го чини околу 11 милиони долари, проценуваат експертите, осврнувајќи се на многу познатите имиња на списокот на гости.

И во тој период, Безос и неговата идна сопруга го обиколуваат Јадранот на луксузната јахта „Кора“. Вчера застанаа на модниот Хвар , поточно на Стариот град во северниот дел од најпопуларниот далматински остров, и го посетија познатиот ресторан „Код барба Лука“ во центарот на градот.

Ресторан Код Барба Лука на Хвар

„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стариот град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Генерално, тие се многу пријатни луѓе“, изјави за „Вечерњи лист“ сопственичката на ресторанот Катарина Роиќ-Скелин, додавајќи дека персоналот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.

Суперјахтата „Кора“ често влегува во хрватските води. Импресивната едрилица од 127 метри вреди околу 500 милиони долари, а обично патува со дополнителна, „Абеона“, која служи како гаража за возила. Се шпекулира дека дел од церемонијата ќе се одржи на бродот, каде што Безос и Лорен се свршија во август 2023 година.