Адвокатот на Тома Фила раскажа кои, според него, се двете можни сценарија за исчезнувањето на малата Данка (2).
Двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор исчезнало вчера околу 13 часот во населбата Бањско поле кај Бор. Поради исчезнувањето, за првпат во Србија е активиран системот „Најди ме“, а има и голем број полицајци, припадници на Жандармеријата, Планинска спасувачка служба, кои 24 часа трагаат по исчезнатото девојче.
Адвокатот Тома Фила наведува дека моментално ја исклучува можноста нешто да му се случило на девојчето, бидејќи доколку се случеше најлошото сценарио, таа досега ќе беше пронајдена.
Тој додаде дека Игур Јуриќ, таткото на трагично загинатата Тијана Јуриќ, завршил одлична работа кога е во прашање активирањето на системот „Најди ме“ и дека тоа е голема работа за Србија.
Тој се осврна и на можниот исход од исчезнувањето на Данка Илиќ, каде презентираше две можни сценарија. Фила нагласи дека прво треба да се проверат родителите бидејќи е невозможно двегодишно дете едноставно да исчезне. Како друг можен случај изјавил дека се работи за киднапирање.
Имено, како што изјави Фила веднаш по исчезнувањето на детето, прво се запрашал како двегодишно дете може толку брзо да исчезне.
„Чудно е, знаете, многу е мало. Истрагата треба да се направи темелно, сè треба да се прочешла и провери, има многу нелогично во сето тоа“, рече Фила.
Искусниот адвокат наведува дека во моментов ја исклучува можноста нешто да му се случило на девојчето, бидејќи доколку се случеше најлошото сценарио, таа досега ќе беше пронајдена.
„Тоа е мало место, таму има многу полиција. До сега ќе ја најдеа, и затоа сè ми личи на киднапирање или на продажба, има многу нелогичности“ , заклучи Фила.
Запрашан која е неговата теорија за cè што се случува, со оглед на тоа што има огромно искуство, Фила вели дека сите докази укажуваат на тоа дека најверојатно девојчето е киднапирано.