Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500,000 евра
Она што го зачекав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како тим уште веднаш отпочнавме со промена на неколку неправилности, омаловажувања во делот на работниците. Скратување тендерски набавки, сите јавни набавки условите ги симнавме најмалце за 50% за со тоа да ја зголемиме конкуренцијата и намалиме цената, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на СОЗР Ивица Томовски во вчерашното гостување на телевизија Алфа.
„Јас бев свесен дека со таквиот мој чекор ќе паднам одма во очи на оние големи бизнисмени кои досега си ги добивале тендерите на максимална вредност, потплаќале некој во минатото што тоа нема да биде случај сега, ни во иднина додека раководам со таа институција“, вели Томовски.
Тоj посочи дека како директор на СОЗР има за цел да го заштеди буџетот на државата.
„Мојата цел како човек што е ставен на таа работна позиција е да го заштедам буџетот на државата. Со заштедување на буџетот на државата го заштедувам вашиот и мојот буџет и буџетот на граѓаните, а не на некоја приватна компанија“, укажа Томовски.
Во врска со тендерот за обезбедување истакна дека направил олеснување на условите за 50%.
„Во врска со тендерот за обезбедување јас направив олеснување на условите за 50%, зголемена конкуренција и заштеда за државниот буџет од пола милион евра. Кога сме кај овој тендер во 2021 година имало само еден понудувач за обезбедување кој добил на максимална вредност“, дециден е Томовски.