Том Круз го помина Денот на вљубените со 26 години помлада актерка: „Фатен“ пред ресторан во Лондон (фото)

Том Круз (62) Денот на вљубените го помина со актерката Ана де Армас, која е 26 години помлада од него, што ги поттикна гласините дека се во романтична врска.

Двајцата се фотографирани пред ресторан во Лондон. Тие беа добро расположени, па актерот се фотографираше со обожавателите кои беа собрани надвор.

После тоа тој и Ана заедно влегле во такси. Американските медиуми ги контактирале нивните менаџери во врска со наводите дека се заедно, но тие сè уште не се изјасниле.

Таа претходно го спомна Круз во интервју за USA Today. Рекла дека ја инспирираат неговите акробации од филмовите.

„Сè уште не сум на нивото на Том Круз, но сега 100 отсто го ценам тоа што го прави. Тој е брилијантен“, рече таа.

Актерот беше во брак три пати: со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс.

Медиумите претходно ја поврзуваа Ана со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел. Во ноември минатата година тие беа снимени како се бакнуваат во Мадрид.