Том Круз едвај го дочека разводот на познатата колешка: Беше лудо вљубен во неа, ги раздели секта, а сега повторно ја освојува (фото)

Том Круз сака повторно да ја освои Софија Вергара по нејзиниот развод од сопругот Џо Манганиело.

Оваа 61-годишна актерска суперѕвезда, позната по бројните филмски класици, накратко и’ се додворуваше на актерката во 2005 година, пред да се заљуби во Кејти Холмс.

– Тие веќе имаат одредена историја, но тоа беше повеќе кратка љубовна врска отколку вистинска романса – изјавил извор за британскиот магазин Heat.

– Очигледно се забавувале во Холивуд Хилс и уживале. Тогаш Софија навистина не даваше сигнали дека сака нешто долгорочно, па се заврши на сосема пријателски начин и тие останаа пријатели – понатаму тврди инсајдерот, според NY Post.

Сепак, како што понатаму тврди изворот, на Том отсекогаш му пречело тоа што „ја одбил Софија и ја избрал Кејти“.

InStyle минатата година објави дека Круз бил наместен со Вергара од неговиот пријател Вил Смит во февруари 2005 година. Папараците ги фотографирале заедно на само еден состанок, а романсата наводно завршила набргу потоа.

Според Ендрју Мортон, кој ја напиша хит книгата: ,,Tom Cruise: An Unauthorized Biography” Вергара „била заслепена од насмевката на Том и се забавувала од многуте телефонски повици, цвеќиња и чоколади што следеле по нивната прва средба“.

Меѓутоа, како побожен католик, Вергара набрзо почна да се грижи дека Круз можеби ќе сака да ја преобрати во скиентологија.

– Набрзо стана јасно дека оди на аудиција за најголемата улога во животот – госпоѓа Круз – напиша Мортон.

– И’ беше јасно дека доколку ја прифати улогата, ќе мора да се откаже од католичката вера и да се префрли на скиентологијата – додаде тој и истакна дека 51-годишната Вергара е „преплашена од скиентологијата“.

Како што тврди Мортон, таа искрено верувала дека Бог ќе ја казни и ќе ја гори во пеколот ако се приклучи. Романсата потоа заврши.

Набргу потоа, Круз започна да се забавува со Холмс во април 2005 година. Двојката се венчала и следната година ја добија ќерката Сури. Сепак, тие се разведоа во 2012 година.

Вергара се омажи за актерот Џо Манганиело во 2015 година, а минатиот месец ги шокираа обожавателите со објавата дека се разделуваат. Актерите објавија ексклузивна заедничка изјава за Page Six, велејќи дека ја „донеле тешката одлука да се разведат“.

– Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве замолуваме да не навлегувате во нашата приватност – напишаа тие.

Манганиело поднесе барање за развод од Вергара, наведувајќи ги непомирливите разлики.