Тони ја молел Драгана да го повлече барањето за развод: Бијелиќ дошол во замокот, еве што му кажала фолк ѕвездата (фото)
Драгана Мирковиќ неодамна објави дека по 24 години поднела барање за развод.
Драгана во изјавата напиша дека таа и бизнисменот Тони Бијелиќ водат одвоени животи веќе три години и не живеат под ист покрив, а Тони вчера објави на Инстаграм и откри дека дошол во нивниот замок Ебенфурт во близина на Виена, каде Драгана престојувала.
Како што изјави за тамошните медиуми извор близок до парот, причината за доаѓањето на Тони во семејната куќа е обидот да се смири со Драган. Имено, според изворот, тој ја молел пејачката да се откаже од разводот и и’ ветил дека ќе се смени и ќе се обиде да направи сè како што било порано.
Како што пишуваат тамошните медиуми, Бијелиќ во изминатите шест месеци не поминал ниту еден ден во замокот, а сега дошол подготвен на сè за да ја натера Драгана да му прости и да го повлече барањето за развод.
Сепак, фолк ѕвездата му рекла дека помирување не доаѓа предвид, бидејќи со години трпела разни работи и се трудела да го одржи бракот и дека сега кога конечно го прекинала, нема да ја промени одлуката.
На Тони му рекла и дека и покрај сè не го мрази и нема негативни емоции кон него и дека сака тие да останат во најдобри можни односи заради децата.
За потсетување, тие двајца во бракот имаа две деца, синот Марко и ќерката Мануела, кои сега се студенти. По објавувањето на разводот се пишуваше дека Тони има многу помладa љубовница со која е во врска подолго време, но тој тоа го демантираше.
Исто така, Драгана и Тони се отследија од Инстаграм, иако сè уште имаат заеднички фотографии на нивните профили, а Тони на Инстаграм не го следеше и нивниот син Марко, што многумина го протолкуваа како јасна порака дека е на страната на неговата мајка.