Топлотен бран во Атина – температурата на покривите на автомобилите достигнува 80 степени Целзиусови

Грција на почетокот на летото се соочува со високи температури.

Во меѓувреме денеска, како што покажа термалната камера на дрон што прелета над Атина, температурите достигнаа надвор од вообичаените нормала за оваа летна сезона.

На видеото (гледајте овде ) што го емитува Мега се гледа како најпогоден од топлотниот бран е подрачјето на магистралниот пат во Перистери.

Црвениот индикатор значи дека температурата надминува 65 степени Целзиусови, пренесуваат медиумите .

На асфалтот достигнува 70 степени, додека на покривите на автомобилите надминува 80 Целзиусови степени.

Инаку, грчките власти ги повикаа граѓаните да ги избегнуваат високите температури и да не излегуваат на улица.