Топчиња со сусам: Предјадење без кое не може да се замисли празничната трпеза!

Празничните предјадења се вистински предизвик за секоја домаќинка бидејќи нудат безброј можности за креативност. Особено се популарни топчињата што можат да се направат на разни начини од сирење, крекери, месо или зеленчук. Без разлика која комбинација ќе ја изберете, овие мали залачиња се омилени кај сите и секогаш се првите што исчезнуваат од трпезата.

Ако сакате нешто вкусно и поинакво, пробајте топчиња од сирење и туна завиткани во сусам. Лесни се за подготовка, а изгледаат и мирисаат совршено.

туна-shutterstock.jpg

Состојки:
туна
250 г свежо сирење
100 г печен сусам
60 г мајонез
зачини по желба

Подготовка:
Исцедете ја туната од маслото и згмечете го сирењето со вилушка. Измешајте. Додадете мајонез и зачини и формирајте топчиња. Извалкајте ги во препечени сусамови семки и пред сервирање, чувајте ги во фрижидер еден час за да се стврднат.