Позата во кревет која жените не можат да ја „смислат“ се смета за една од омилените пози на посилниот пол. Во истражувањето на магазинот Women’s Health се покажало дека се работи за кучешката поза (Doggy Style), односно за сексуален однос одзади. Во оваа поза жената ја потпира тежината на лактите и колената, а многу жени се жалат на последиците како што се болки во колената, рбетот и вратот.
Исто така, излегува дека жените дури и не сакаат да бидат на врвот за време на односот, што е втора најомразена поза. Потоа следи „обратна каубојка“, што значи дека жената седи врз мажот додека нејзиниот грб е свртен кон партнерот. На листата на најмалку пожелни пози се најде и познатата мисионерска поза, која е една од најчестите.
Во првата петорка е вклучена и позата 69. Да потсетиме, според д-р. Каран Раџ, популарен доктор на социјалната мрежа Тик Ток, „превртената каубојка“ е официјално најопасната интимна поза бидејќи во неа се случуваат 50 проценти од фрактурите на машкиот генитален орган.