Топ 3 фризури за матура: Фризерот ви ги открива стиловите за коса со кои ќе плените на матурската вечер (фото)
Матурантите веќе наголемо се подготвуваат за вечерта која ќе го означи крајот на нивното средно образование. Покрај долгата потрага по вистинскиот фустан, избор на шминка, соодветните чевли, бојата на ноктите, секако и фризурата игра важна улога.
Секој детаљ е важен, а за да помогнеме барем во изборот на идеалниот стил на коса, фризерот Бранислав Релиќ ги откри најдобрите три фризури за матура.
– Фризурите некако секогаш ги поклопуваме со самата гардероба. Сигурно никогаш не треба многу да отстапува и да се издвојува, освен ако тоа не го бара аутфитот – почнува тој.
Ова се омилените избори за фризура оваа година за големата матура
Бранови
– Брановите се секогаш некако идеална опција. Постојат многу видови на бранови, па врз основа на вашата гардероба, треба да изберете дали ќе бидат елегантни или повеќе разбушавени. Тие можат да надополнат романтичен фустан или да додадат гламур на комбинезон или костум – открива Бранислав.
Извиткана коса
Пунџата е и фризура без која не може да помине ниту една прослава, како што наведува Бранислав. Ако некој сака да ја собере косата, таа е секогаш тука во различни варијации.
Ниската и мазна пунџа ќе ја нагласи елеганцијата, додека неуредната ќе додаде доза на релаксација и сигурност.
Ниска опашка
– Ниското опавче е решение и за оние кои сакаат да ја подигнат косата. Како таква, таа може да се вклопи во разни облеки. Дали ќе биде исправено или свиткано зависи од самиот аутфит и накит – вели фризерката.