ТОТАЛЕН РАСКОЛ ВО КРЕМЉ – Во Москва воведени специјални мерки, а се очекува и вонредно обраќање на Владимир Путин – дали ‘готвачот’ ја помина црвената линија !?

Градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, воведе т.н. „антитерористички мерки“ во Москва, во услови на ескалација на конфликтот меѓу руската војска и платениците на групата Вагнер.

Сергеј Собјанин на својот профил на социјалната мрежа Телеграм напиша дека веќе е воведена зголемена контрола на сообраќајот на улиците, а можни се и ограничувања на масовните настани.

Како резултат на добиените информации, во Москва се спроведуваат антитерористички мерки за зајакнување на безбедноста“, се вели во пораката на Сергеј Собјанин.

Градоначалникот на Москва побара разбирање од повеќе од 13 милиони жители на метрополата.

За зголемените безбедносни мерки на социјалната мрежа Телеграм напиша и гувернерот на областа, Андреј Воробјов. Тој ги повика луѓето, доколку е можно, да се воздржат од патување со автомобил кон јужна Русија, каде што ситуацијата во моментов е особено тензична.

Патем, податоците покажуваат дека интернет-пребарувачот Google стана недостапен за многу корисници во Русија, објави NetBlocks, група која ги следи прекините на Интернет.

Претседателот на Русија, Владимир Путин наскоро ќе и се обрати на јавноста преку телевизија, објави руската медиумска агенција ТАСС, повикувајќи се на информации Кремљ, пренесува BBC.

Во петокот вечерта, првиот човек на приватната воена група, ВагнерЕвгениј Пригожин, го обвини руското воено раководство дека со топови, хеликоптери и ракети нападнало камп на неговите платенички трупи, убивајќи многу негови луѓе. Тој потоа се закани дека ќе го исчисти военото раководство на Русија, велејќи дека има 25.000 луѓе под своја команда. Рано утринава Евгениј Пригожин изјави дека неговите сили презеле контрола над воените објекти во јужниот руски град Ростов на Дон.